Триглав Осигурување а.д.
  Home

 

 

Ребрендирање

 


РЕБРЕНДИРАЊЕТО ВО ТРИГЛАВ – ПОВЕЌЕ ОД ВИЗУЕЛНА ПРОМЕНА

Вардар Осигурување, член на групацијата Триглав од 2007-ма година, во септември оваа година го заврши процесот на ребрендирање, кој покрај визуелните промени на логото и името во Триглав Осигурување, опфати и низа активности кои имаа за цел да ги усогласат сите аспекти на нашето работење со високите стандарди на групацијата Триглав.

Идентитетот на брендот Триглав вклучува интегритет во работењето, транспарентност кон пазарот и во интерното функционирање,
  достапност до клиентите и во меѓусебната комуникација, како и понуда на најдобриот квалитет на пазарот.

Триглав е бренд со 100-годишна традиција, препознатлив и почитуван. Групацијата Триглав е присутна на осум пазари во регионот и е една од водечките осигурителни и финансиски институции во југоисточна Европа. Вработува повеќе од 5,200 луѓе, кои ги одликува знаење, искуство и посветеност кон работата и компанијата.
 

Групацијата Триглав се залага за градење на безбедна иднина на своите клиенти, општествена одговорност и социјална сигурност на секој вработен, токму затоа што сметаме дека нашите вработени се заслужни за тоа што денес Триглав е успешна компанија.


 
 

  Kонтакт

  Архива на вести


 

Copyright tриглав oсигурување ад © All Rights Reserved