Осигурување од одговорност од употреба на моторни возила:
ШТО
E ОСИГУРУВАЊЕ ОД АВТООДГОВОРНОСТ?
Осигурувањето од автоодговорност е законска обврска на сопственикот
на моторното возило без кое не е можно да се изврши
регистрација на
возилото. Со склучување на осигурувањто
од автоодговорност сите
трети лица кои ќе претрпат штета од моторното возило во движење
ќе можат да го наплатат оштетното побарување и
целата претрпена штета.
ЗОШТО ОСИГУРУВАЊЕ ОД
АВТООДГОВОРНОСТ?
Со
осигурувањето од автоодговорност се покриени материјални и
нематеријални штети
предизвикани на трети лица, со можност за
договарање на
дополнително осигурување од незгода за возачот и
патниците во моторното возило, како и каско осигурување на стаклата на
возилото.