Триглав Осигурување а.д.
  Home

 

 

Повик

 
Врз основа на член 41 од Статутот на Акционерското друштво за осигурување ВАРДАР Скопје и донесената Одлука на 36. седница на Одборот на директори на Акционерското друштво за осигурување ВАРДАР Скопје, одржана на ден 27-28.01.2011 година, за свикување на 28. седница на Собранието на акционери, Одборот на директори на
 
АКЦИОНЕРСКОТО ДРУШТВО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ
ВАРДАР СКОПЈЕ
 
Објавува
 
П О В И К
до акционерите за учество на 28. седница на Собрание на акционери на Друштвото
 
 
28. седница на Собранието на акционери на Акционерското друштво за осигурување ВАРДАР Скопје ќе се одржи на ден 22.03.2011 година со почеток во 12,00 часот, во просториите на Акционерското друштво за осигурување ВАРДАР Скопје, бул. „Октомвриска револуција“ бб, 1000 Скопје, во конференциска сала, со следниот
 
Д Н Е В Е Н  Р Е Д
 
I.        Процедурален дел:
1.       Избор на претседавач на Собранието;
2.       Избор на верификациона комисија;
3.       Избор на бројач на гласови;
4.       Извештај на Верификационата Комисија.
 
II.      Работен дел:
1.       Донесување на Одлука за промена на седиште на Друштвото;
2.       Донесување на Одлука за измена на Статутот на Друштвото.
 
Се повикуваат акционерите да го пријават своето учество на Собранието.
Секој акцинер кој има намера да учествува на седницата на Собранието на Друштвото, е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество) најдоцна пред почетокот на седницата на закажаното Собрание.
Пријавите да се достават на адреса бул. „Октомвриска револуција“ бб, 1000 Скопје, за Советник за правни и корпоративни работи.
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието на еден од следните начини:
-          со потпишување на писмено полномошно заверено на нотар;
-          со давање на полномошно во писмена форма, без обврска да го заверат полномошното на нотар, при што акционерот е должен писмено да го извести Друштвото за даденото полномошно и да достави доказ за неговиот личен идентитет. Обрасците за давање на полномошно во писмена форма се достапни за превземање на интернет страницата на Друштвото.
-          со овластување на полномошници по електронски пат на следната електронска адреса: osig@advardar.com.mk.
Секој акционер има право да предложи точки на дневен ред и да предложи усвојување одлуки по секоја од точките кои се вклучени во дневниот ред, најдоцна во рок од осум дена од денот на објавување на повикот.
Постапката за предлагање на нови точки на дневен ред, предлагање на одлуки по секоја од точките кои се вклучени во дневниот ред и начинот на поставување на прашања за точките од дневниот ред се објавени на интернет страницата на Друштвото.
Материјалите за седницата на Собранието на акционери на Друштвото се достапни на акционерите од денот на објавување на повикот, секој работен ден од 09-14 часот на приемната рецепција на први кат во деловната зграда ХИПЕРИУМ, на бул. Октомвриска револуција бб и на интернет страницата на Друштвото: www.advardar.com.mk.

 


 
 

  Kонтакт

  Архива на вести


 

Copyright tриглав oсигурување ад © All Rights Reserved