English version
   За нас       Осигурување на лица       Осигурување на имот       Контакт   


Вардар АД осигурување

Градски Ѕид блок 8
тел: 02/ 3 286 600;
факс: 02/ 3 286 660;
email:
osig@advardar.com.mk

 


 
Информации
ЕВРОПСКИ ИЗВЕШТАЈ
 
 
Со новите прописи, полицијата кај сообраќајните незгоди во кои е причинета мала материјална штета не врши увид на лице место за околностите под кои настанала сообраќајната незгода, освен ако се работи за странско моторно возило, за лице што управувало под дејство на алкохол или без соодветна возачка дозвола.
Кога ќе ви се случи сообраќајна незгода, а возилото не ви е КАСКО осигурано, правото на надомест на штетата претрпена на возилото, ќе ја остварите доколку:
  1. Заедно со другиот учесник размените податоци од личните документи за идентификација, податоци за моторното возило и документите (полисата) за осигурување од автомобилска одговорност.

  2. Го ПОПОЛНИТЕ ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ за сообраќајни незгоди кој се дистрибуира на сите продажни места за полиси за осигурување.

  3. ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ не преставува исправа со која се признава одговорноста за штета, туку само еден од доказите што се користи во постапката за ликвидација на штета.
    - Ако другиот учесник во сообраќајната незгода одбие да го потпише овој Извештај, ЗАДОЛЖИТЕЛНО повикајте ПОЛИЦИЈА да направи увид на лице место.

  4. Со Законот за задолжително осигурување во сообраќајот пропишана е императивна обврска на сопственикот на моторно возило со кое е причинета штета, да го извести Друштвото за осигурување во кое е осигуран за настанатата штета.
    -
    Известувањето се смета за уредно и без пополнување на посебна пријава на штетата, доколку осигуреникот го поплни и потпише ЕВРОПСКИОТ ИЗВЕШТАЈ; го стави на увид возилото со кое е причинета штетата заради споредување на оштетувањата на возилата учесници во сообраќајката; обезбеди материјален доказ за утврдување на одговорноста на причинетата штета.

  5. Кога од било кои причини не може да се види возилото со кое е причинета штета и да се изврши споредување на оштетувањата на возилата во местото на настанување на сообраќајката, сопственикот на возилото со кое е причинета штета е должен да постапи во согласност одредбите од Законот за задолжително осигурување во сообраќајот и возилото да го однесе на увид во најблиската деловна единица на друштвото за осигурување.
Назад 

Креиран од marjan на 29.12.2009
     
  Анкета
Кога избирате осигурителна компанија за Вас е најважно:




Гласај  Резултати


 
     
   
Copyright ® 2005 Вардар Осигурување